Ристовски: Македонија ќе биде домаќин на Европските младински олимписки игри, ќе учествуваат 4000 спортисти

од Nikola Popovski
38 прегледи

Министерот за спорт, Борко Ристовски информираше во земјава ќе се организираат Европските младински олимписки игри. Ќе има околу 4000 учесници и очекува да бидеме добри домаќини. Најавува уште 2000 гости од странство.

-Отприлика 6000 луѓе ќе бидат во државата и ќе трошат средства. Генерално сите ќе имаме бенефит,но, најважно е што ќе има македонски спортисти вака големо натпреварување и ќе можеме преку нив да градиме нови идоли кои што во изминатите години ни фалат. Треба да ги поддржиме сите талентирани деца да пресраснат во идни олимпијци, рече Ристовски.

Учесниците ќе се натпреваруваат во 15 спортови. Игрите што ќе се одржи од 20 до 26 јули 2025 година.

Слични содржини