📹Принцот Вилијам повторно привлече внимание во Лигата на шампионите, а приказната за клубот за кој навива е многу интересна

Принцот Вилијам е огромен љубител на фудбалот, кој е „свет“ за сите Британци, а приказната за клубот за кој навива е доста интересна и неочекувана

од Vladimir Zorba
63 прегледи

Принцот Вилијам никогаш не пропушта можност да ја следи неговата Астон Вила. Познат е како голем навивач на популарните „лаввови“ од Бирмингем, а сите се љубопитни зошто навива за овој клуб, бидејќи нема никаква врска со нив.

Имено, неговиот татко Чарлс е страстен фудбалски навивач, но за разлика од неговиот син, тој навива за Барнли. Во исто време, Вилијам е роден во Лондон и се школувал на самиот југ на Англија, па никогаш немал врска со Астон Вила и Бирмингем, или тој дел од земјата.

Вилијам синоќа привлече внимание во Лигата на шампионите бидејќи присуствуваше на гостувањето кај Астон Вила против Пари Сен Жермен (Французите победија со 3:1), а на некои снимки беше „уловен“ како страсно навива за својот клуб.

Зошто точно за Астон Вила, претходно зборуваше принцот Вилијам и откри прилично интересна приказна.

„Уште во училиште се заљубив во фудбалот. Гледав наоколу по клубови и сите мои пријатели на училиште ги поддржуваа Манчестер Јунајтед или Челси. Не сакав да го следам тој тренд, сакав да имам клуб кој ќе биде на средината на табелата за да ми овозможи поемотивни моменти“, изјави претходно принцот Вилијам во интервју за Би-Би-Си.

„Астон Вила отсекогаш имала одлична историја. Имам пријатели кои го поддржуваат клубот и еден од првите натпревари на кои отидов беше против Болтон. Беше фантастично, седев со моите пријатели и одлично се забавував. Тоа беше атмосферата, другарството и навистина чувствував дека има нешто со кое можам да се поврзам“, додаде принцот, објаснувајќи уште една работа што го поврзува со Вила:

„Играа луѓе како Пол Мерсон и си помислив, дали луѓето како него можат да играат толку добро? Ова е клуб за кој можам да навивам. Роден сум во 1982 година кога станавме европски шампиони, па чувствувам дека историјата и педигрето на Астон Вила отсекогаш ми биле блиски”, заклучува принцот Вилијам.

Нема сомнеж дека ќе биде присутен на реваншот на Вила Парк, но на Астон Вила на Вилијам ќе и треба чудо доколку сака да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Реваншот помеѓу Вила и ПСЖ е закажан за следниот вторник, а гостите имаат предност од два гола.

Слични содржини