Нов скандал во Серија А: Фудбалери на Јувентус, Милан, Интер и Рома под истрага за нелегално обложување

од Nikola Popovski
39 прегледи

Обвинителството во Милано покрена истрага против 12 професионални фудбалери поради сомнение за нелегално обложување. Меѓу играчите вклучени во истрагата се и голем број од најпознатите имиња во Серија А, дел од нив поранешни, меѓу кои се Алесандро Флоренци (Милан), Николо Заниоло (Фиорентина), Вестон Мекени (Јувентус), Матијас Перин (Јувентус), Леандро Паредес (Рома), Анхел ди Марија (Бенфика), Раул Беланова (Аталанта), Самуеле Ричи (Торино), Кристијан Буонануто (Падова), Матео Канчелиери (Парма), Адам Хектор (Лидс).

Меѓу осомничените е и италијанскиот тенисер Матео Гиганте.

Сите тие се под истрага за онлајн обложување, меѓутоа, според првите информации на италијанските медиуми, ниту еден од споменатите не се обложувал на фудбалски натпревари.

Ако се докаже дека играле само покер, им се заканува мала казна од 250 евра.

Веста за истрагата на Обвинителството против група фудбалери и еден тенисер прв ја објави „Кориере дела сера“, а меѓу другите ја пренесе и италијанската новинска агенција „АНСА“.

Обвинителите во Милано отворија истрага откако Николо Фаџоли и Сандро Тонали беа суспендирани во 2024 година поради нелегално обложување, вклучително и на фудбалски натпревари.

Наводното недолично однесување во новата истрага се случило помеѓу декември 2021 и октомври 2023 година.

Нема докази дека другите играчи вклучени во новата истрага некогаш уплаќале на фудбалски натпревари, но нивните имиња се појавија откако италијанските власти ги интервјуираа Тонали и Фаџоли и ги анализираа нивните телефони.

Слични содржини