По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани. Надлежните иституции ќе ја информираат јавноста координирано штом бидат завршени дејствијата кои се во тек, соопштија од Јавното Обвинителство.
Според медиуми, приведени се повеќе осомничени во рамки на истрагата за пожарот во „Пулс“ во Кочани.
Според првичните информации меѓу осомничените има и вршители на функции, директори, актуелни функционери и поранешни министри.
360 степени дознава дека полицијата ги привела поранешните министри за економија Ваљон Сарачини и Беким Незири, кадри на ДУИ, како и актуелниот министер без ресор и поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Шабан Салиу, дознава „360 степени“ од извор во истрагата. Меѓу уапсените е и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами, кадар на ВЛЕН.