Помогнала и сопругата: Алек Болдвин откри како успеал да ослабе

од Nikola Popovski
146 прегледи

Актерот Алек Болдвин (67) се присетил како успеал да ослабе за да биде подготвен за улогата во филмот „Blue Jasmine“. Станува збор за познатиот филм со Кејт Бланшет што Алек го сними во 2013 година.

Во епизодата од серијата „The Baldwins“ емитувана на 13 април, 67-годишниот актер покажал и како вежба јога дома со неговата сопруга Хилари Болдвин. Хиларија (41) открила дека Алек не е склон да вежба, иако во текот на 13 години брак повремено се обидувале да трчаат заедно или да посетуваат часови по јога.

Алек признал дека настаните од изминатата година, вклучително и наводите за несреќа на снимањето на „Rust“ што резултираше со смрт на кинематограферот Халин Хачинс, му нанеле штета на неговото ментално и физичко здравје. За време на неговото судење во јули 2024 година, обвиненијата против него беа отфрлени, но тој изјави дека настаните му ја потрошиле енергијата. Тој додаде дека се надева дека за една година ќе може да се посвети на здравјето и да биде во подобра форма.

Зборувајќи за своите минати искуства со слабеењето, Болдвин потсетил како изгубил импресивни 11 килограми за филмот „Blue Jasmine“ исфрлувајќи ги тестенините, компирите, слатките и шеќерот од исхраната, со помош на неговата сопруга, која е многу дисциплинирана кога станува збор за здрав начин на живот. Напомена и дека до својата четириесетта година бил активен и се занимавал со спорт, но семејните обврски и работата му ги промениле приоритетите.

Хилари забележала позитивни промени кај Алек во последните неколку недели, вклучувајќи поголем ангажман во теретана и посмирено однесување. Парот сега работи на повторно воспоставување рамнотежа во нивните животи по тежок период.

Слични содржини