Лидерот на Демократското движење Изет Меџити, дел од коалицијата ВЛЕН, зборуваше за својот партнер од власта Арбен Таравари. Запрашан која ќе биде конечната понуда за предводникот на едното крило на АА, Меџити посакува коалицијата да остане како единство, притоа додавајќи дека доколку АА го напушти ВЛЕН, Таравари ќе мора самиот да оди на избори или ќе заврши во „канџите на ДУИ“.
„Заради заедништво, сме фокусирани на следната победа. Тоа значи дека го добивме првото полувреме, сега е второ полувреме ако го сфатиме како фудбал и кој нема реприза. Сега е време да ги освоиме општините за да ја докажеме својата легитимност како ВЛЕН и мислам дека немаме комфор да се мериме едни со други, да се натпреваруваме меѓу себе.
Што вели понудата?
Мислам дека имаме вредност, како дел од ВЛЕН или самиот Таравари да излезе и да стане трет фактор, што е штетно за дефакторизација на албанскиот глас, што не верувам дека ќе биде така, бидејќи тоа е првиот чекор да се замагли неговото членство затоа што крајот ќе биде во канџите на Демократската унија за интеграција“, рече Меџити во емисијата „Клик плус“.
Алијанса за Албанците на локалните избори ќе настапи сама или со коалицијата Вреди ,се двете опции за кои утре се очекува да пресече Централното претседателство на партијата, рече претседателот на дел од АА кој ја исклучи можноста партијата да одлучува за изборен настап со ДУИ на Али Ахмети.
-Имаме две опции како АА – едно да продолжиме со ВЛЕН и второ да излеземе сами. Имаме одредени општини каде што мислиме дека и сами би направиле добар резултат. Нема трета опција. Гостивар, Врапчиште, Дебар, Сарај, Боговиње, Теарце, Липково…Не мислиме дека ќе победиме, но дека ќе направиме добар резултат. На крај, граѓаните одлучуваат. Сакам да ги слушнам и членовите на ЦП. Сами да излеземе, не велам дека ќе ги добиеме сите општини, но во одредени победуваме. Тука се и коалициските партнери со Турската демократска партија во Гостивар, со ВМРО-ДПМНЕ…Дајте ни да одлучиме без да брзаме. Чисто овие две опции се во игра, рече еден од лидерите на ВЛЕН на вчерашната рес-конференција.