Додик би „лобирал“ во земја која веќе му ги затвори вратите

од Nikola Popovski
81 прегледи

Во екот на политичката и институционална криза, од Република Српска се почесто се слушаат најави за „меѓународна афирмација“ на овој ентитет. Најсвеж пример е најавата за активностите на канцеларијата на РС во Австрија, со образложение дека целта е „да се слушне гласот на Република Српска“ во таа земја.

„Австриската јавност и владата ќе бидат информирани за ситуацијата во Република Српска, Србија, Косово и Метохија и кој ја загрозува стабилноста во нашиот регион“, изјавил денеска за РТРС Младен Филиповиќ, шеф на Претставништвото на Република Српска во Австрија.

Сепак, Австрија веќе јасно го изразила својот став кон властите на РС – во форма на санкции.

Да потсетиме, Австрија и Германија на 4 април годинава официјално воведоа санкции против Милорад Додик, претседателот на РС, претседателот на Народното собрание Ненад Стевандиќ и претседателот на Владата на ентитетот, Радован Вишковиќ. Санкциите вклучуваат забрана за влез во Австрија и Германија, што јасно го покажува меѓународниот третман на актуелното раководство на РС.

Австрискиот министер за европски и меѓународни прашања Беате Мајнл-Рајзингер истакна дека активностите на раководството на РС се „закана за стабилноста, уставниот поредок и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“, и дека воведувањето санкции е порака за поддршка на суверенитетот на БиХ и нејзиниот европски пат.

„Ние имаме свои интереси кога некој ќе ја премине црвената линија“, јасно порача од Сараево шефот на австриската дипломатија.

И покрај ова, реториката за „независност“, „неутралност“ и „блокади“ продолжува од Бања Лука – дури и по цена на уништување на клучните државни институции.

Слични содржини