Стерјовски: Македонците во Албанија се под постојан притисок за асимилација од Бугарија

од Nikola Popovski
56 прегледи

Претседателот на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и кандидадат за пратеник, Васил Стерјовски, за албанската телевизијата СОТ7, зборувал за парламентарните избори, но и за предизвиците и стремежите на македонската заедница во Албанија. Како што порачал, „суштината е јасна: кога зборуваме гласно и со срце – гласот на македонската заедница допира подалеку“.

Истакнал дека е загрижен поради континуираниот притисок на Бугарите во насока на асимилација на Македонците во Албанија.

-Навистина сме под постојан притисок за асимилација, и сега во овој момент, и тоа постојано од 2017 година, кога беше признато едно непостоечко бугарско малцинство под бугарски притисок, што беше одобрено од парламентот, но, под закана од бугарско вето. Тоа го потврдува со фактот дека во моментот кога албанското Министерството за надворешни работи го поднело предлог-законот за заштита на националните малцинства, предложило признавање на осум малцинства без бугарското, но „откако Бугарија отворено се закани со вето, тогаш власта и опозицијата ги здружија гласовите и со еден амандман ги додадоа и Бугарите“, посочил Стерјовски.

Поради тоа, бара од Македонија сериозно да ја сфати работата со македонската заедница во Албанија и да не остане рамнодушна.

-Треба да направи стратегија, заедно со албанската влада и со конкретни вложувања, и со конкретни проекти, за да помогне овие луѓе да не заминуваат од своите краишта и да го сочуваат својот јазик, култура и традиција. Доколку немаме долгорочна стратегија од ваков вид,  ние сме на пат да исчезнеме во Албанија, затоа што овој празен простор го пополнува Бугарија, со сите тие донации, со сите тие активности што ги прави. Затоа и ги прави, констатира тој.

Одговарил и на прашањето „Зошто Македонците и се потребни на на Бугарија?

– Затоа што ние живееме долж албанско-македонската граница, и борбата Бугарија ја води со Македонија, со македонскиот народ. Со ова што сака да создаде „Бугари“ на границите со Македонија, таа сака да покаже дека Македонија од сите страни е опкружена со Бугари и не може да постои во средина македонски народ. Затоа се сите овие обиди да нè асимилираат во Албанија, нагласува Стерјовски.

Слични содржини