Издадена е наредба да се приведат уште седуммина полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“

од Milan1
188 прегледи

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на „Телма“ изјави дека „во овој момент јавниот обвинител издал наредба за приведување на уште седуммина полициски службеници во рамките на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани“.

Коцевски не откри дали се работи за актуелни полициски функционери, иако беше прашан, но рече дека тие утре ќе бидат донесени во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), а потоа и пред судија на претходна постапка.

Со ова, бројот на полицајци и началници кои се опфатени со истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ изнесува 14.

Слични содржини