Таравари: На локални избори излегуваме со наши листи за советници

од Milan1
52 прегледи

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, по состанокот на партиското раководство изјави дека на локалните избори ќе настапат самостојно со свои советнички листи.

„Денеска како Алијанса за Албанците дефинитивно одлучивме во сите општини да излеземе со сопствена листа на кандидати за советници. Од почетокот на мај почнуваме на терен да ги формираме своите штабови. Не излегуваме од коалицијата Вреди, излегуваме со наши листи за советници. За кандидатите за градоначалници не е дефинитивно. Не може 4-5 луѓе од Влен да одлучуваат за кандидати за градоначалници без сондажи и анкети на јавното мислење.”, рече Таравари.

Тој рече дека остануваат дел од Влен „освен ако тие не нѐ исклучат, тогаш и ние ќе постапиме соодветно.”

За евентуално помирување и соединување со Зијадин Села, Таравари одговори „Оваа куќа е голема и отворена. Добредојдени се сите.”

Слични содржини