Kосовски државјанин лишен од слобода поради 10 евра во пасош

од Vladimir Zorba
17 прегледи

На граничен премин Долно Блаце, на влез во државата синоќа околу 19.30 часот полициски службеници го лишиле од слобода Ш.Б.(51) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик.

Од МВР денеска соопштија дека при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, кое го управувал и во патната исправа ставил банкнота од 10 евра.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини