Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се разведуваат, заминала во Белград со своите деца

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Еден од најпознатите парови во светот на спортот, Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, наводно ставиле крај на нивната љубовна приказна која инспирираше милиони ширум светот. Како што пишува германскиот магазин „Бунте“, а потврдува и „Билд“, Ана и Бастијан живеат одвоено веќе два месеци, тивко и без помпа, далеку од очите на јавноста. Иако се уште нема официјална потврда, извори блиски до парот тврдат дека одлуката за развод ја донеле заедно – по девет години брак и три деца.

Додека Бастијан (40), поранешен германски репрезентативец и фудбалер на Баерн и Манчестер Јунајтед, поголемиот дел од своето време го поминува во Минхен поради деловни обврски, Ана (37) се врати во родниот Белград со синовите Лука (7), Леон (4) и најмладиот Тео (1). Ивановиќ живее таму во мирна населба, блиску до семејството, во стан од околу 100 метри квадратни. Соседите ја опишуваат како исклучително топла и приземна личност, секогаш насмеана и достапна за разговор.

Веста за можна разделба изненади многу следбеници бидејќи славната Србинка и Германецот важеа за олицетворение на љубовта, хармонијата и меѓусебното почитување. Нивната насмевка на црвениот тепих, споделените семејни фотографии и меѓусебната поддршка изгледаа како реткост во светот на славните.

Заедно поминаа низ важни животни фази – збогувањето на Ана со професионалниот тенис, повлекувањето на Бастијан од фудбалот, раѓањето на три деца и бројните преселби меѓу Германија, Америка и Србија, а се зборува дека пресудила физичката разделба.

Слични содржини