Папазов оди во куќен притвор

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Поранешниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов оди во куќен притвор. Истата мерка е изречена и за уште тројца осомничени, по барање на обвинителството за замена на притворот. Меѓу нив се и поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски, еден инспектор и член на обезбедувањето.

Во куќен притвор за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ се и неговите претходници на функцијата градоначалник – Ратко Димитриевски и Николчо Илијев.

На поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, му е продолжен притворот за нови 30 дена.

Другите поранешни министри за економија, Ваљон Сарачини и Беким Незири, се исто така во куќен притвор, додека за Дритон Кучи се изречени мерки на претпазливост. Во меѓувреме, судот во Кочани ги разгледува жалбите на 12 осомничени.

Слични содржини