Црвен крст досега собрал 128.011.651,00 денари за настраданите од пожарот во Кочани

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Во апелот на Црвениот крст на РСМ, заклучно со 17.04.2025 година собрани се 128.011.651,00 денари за настраданите од пожарот во Кочани.

Денес Црвенот крст на РСМ изврши трансфер на средства на 62 семејства на починатите лица. Досега на настраданите семејства вкупно се исплатени 86.100.000,00 денари.

Црвениот крст заедно со нашите партнери продолжува со испораката на психосоцијална и друга поддршка на населението, стои во соопштението.

Слични содржини