Во сенка на Велики петок: Размена на телата на загинати руски и украински војници

од Љубиша Владимиров
200 прегледи

Украинските власти надлежни за прашања поврзани со воените заробеници информираа дека од Русија се примени телата на 909 загинати украински војници. Според информациите, војниците настрадале во источните украински региони Доњецк, Луганск, Запорожје, Суми и Харков.

Дел од телата биле предадени и од мртовечниците во Русија, а некои од нив потекнуваат од пограничниот регион Курск, од каде украинските сили неодамна беа истиснати. Од руската страна, според руски медиуми, при размената биле примени телата на 41 војник.

Примопредавањето, најавено на Велики петок, било извршено со посредство на Меѓународниот Црвен крст, информираа украинските власти.

Слични содржини