🎥Аларм во Европа: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границите на НАТО

од Nikola Popovski
123 прегледи

Британските борбени авиони Тајфун полетаа двапати за помалку од 48 часа за да го заштитат воздушниот простор на НАТО од руски авиони кои опасно се приближија до границите на алијансата, открива Телеграф.

Првиот инцидент се случи во вторникот, кога два Tајфуни, стационирани во воздухопловната база Малборк во Полска, полетаа за да пресретнат руски шпионски авион над Балтичкото Море. Само два дена подоцна, уште еден пар авиони беше испратен да го избрка непознатиот авион кој полета од руската ексклава Калининград, лоцирана меѓу Полска и Литванија. Овие акции се дел од операцијата Шаховски, нова мисија на НАТО чија цел е зајакнување на воздушната одбрана на Европа.

Лук Полард, секретарот на вооружените сили на Обединетото Кралство, изјави за британски „Телеграф“: „Велика Британија цврсто стои со НАТО. Имајќи ги предвид сè поагресивните потези на Русија и растечките безбедносни закани, ние ги засилуваме напорите да ги увериме нашите сојузници, да ги одвратиме противниците и да обезбедиме национална безбедност. Оваа мисија покажува дека можеме беспрекорно да соработуваме со новата членка на НАТО, Шведска, и да го заштитиме воздушниот простор на алијансата секогаш кога е потребно“.

Авионите се дел од флотата од шест авиони кои пристигнаа во Полска пред само три недели како дел од заедничката операција со шведските воздухопловни сили. Инаку, тие се стационирани во базата на РАФ Лосимут во Шкотска, а во мисијата ги придружуваат околу 200 британски војници. За време на распоредувањето, командантот Кристофер Џејкоб нагласи: „Нашите авиони се подготвени да се бранат и одвраќаат, стоејќи на првата линија на одбраната против секоја закана“.

Во последните години, особено од почетокот на инвазијата на Украина пред три години, Русија станува се поагресивна во тестирањето на воздушната одбрана на земјите од НАТО. Слични инциденти не се ретки: во ноември минатата година два авиони од Лосимут пресретнаа руски бомбардер кој се приближи до британскиот воздушен простор над Северното Море, додека во февруари норвешките авиони Ф-35 запреа два руски бомбардери во Арктичкиот круг.

Слични содржини