Руското Министерство за одбрана во неделата објави дека Украина повеќе од илјада пати го прекршила примирјето што го прогласи рускиот претседател Владимир Путин за време на Велигден, предизвикувајќи штета на инфраструктурата и предизвикувајќи смрт на цивили.
-Украинските сили пукале 444 пати кон руските позиции и извршиле повеќе од 900 напади со беспилотни летала, тврди Москва.
Според истиот извор, нападнати биле пограничните области Брјанск, Курск и Белгород.
„Резултатот е смрт и повреди на цивили и оштетување на цивилни објекти“, објави Министерството на Телеграм.
Исто така додаваат дека руската армија ја презела контролата врз градот Новомихаиливка, во источна Украина, пред прекинот на огнот.
Претходно, украинскиот претседател Владимир Зеленски предупреди дека со продолжување на нападите во многу случаи, Русија го прекршува најавениот прекин на огнот, наведувајќи дека Украина ќе возврати на тие напади.