Познат босански фудбалер: Тоа што УЕФА и ФИФА им го прават на Русите е погрешно – како можат Израелците да играат?

од Nikola Popovski
155 прегледи

Миралем Пјаниќ, познатиот фудбалер од Босна и Херцеговина, кој моментално игра за московска ЦСКА, бил гостин во рускиот подкаст „Comment.Show“ каде зборувал за својата одлука да го одбие патувањето во Русија на пријателскиот натпревар помеѓу Босна и Херцеговина и Русија во септември 2022 година.

„Ќе бидам искрен. Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина одлучи натпреварот да се игра во Русија, што наиде на критики од нашата јавност. Тогаш јас и Един Џеко решивме дека можеби не треба да одиме таму бидејќи ситуацијата беше тешка, па се договоривме да не одиме. Не сме кажале ништо лошо за Русија или Русите. Никогаш не сум имал проблем со некој од Русија. Реков „екипата не е подготвена да лета“. Три години подоцна, кога ми се јавија од ЦСКА, прашав каква е ситуацијата во нивната земја бидејќи се грижам за безбедноста. Ми рекоа дека ситуацијата е нормална, па решив да дојдам во ЦСКА“, изјавил Пјаниќ.

Сега поранешниот фудбалер на Барселона се залага Русите, кои беа суспендирани поради инвазијата во Украина, да се вратат во натпреварувањата под капата на УЕФА и ФИФА.

„Сега кога сум овде во Русија, мислам дека она што УЕФА и ФИФА го прават со Русија е сосема погрешно, апсолутно не се согласувам со нив. Ако погледнеме што се случува во Израел сега, нивните тимови можат да играат во Европа, но Русија не. Не можам да се согласам со тоа, не е точно. Се разбира, тоа се политички работи со кои не се согласувам“, рекол поранешниот фудбалер на Барса и Рома во поткастот.

Слични содржини