Зеленски објави нов извештај, го обвини Путин дека велигденското примирје е лага

од Nikola Popovski
32 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека зборовите на рускиот претседател Владимир Путин за прекинот на огнот „се покажале како празни“. Зеленски го сподели новиот извештај на врховниот командант Олександр Сирски, во кој се наведува дека „руските сили се повеќе користат тешко оружје“.

Според извештајот, од почетокот на денот евидентирани се вкупно 46 руски напади „на различни делови од бојното поле“, како и 901 случај на гранатирање, од кои 448 биле извршени со тешко вооружување.

Во извештајот се наведува и дека веќе се документирани повеќе од 400 случаи на употреба на беспилотни летала од руска страна.

Украинските сили, како што се додава, паднале во руска заседа во Торечко, при што загинале неколку војници.

„Руските војници кои го направија ова ќе бидат елиминирани“, порача Зеленски.

Во своето последно обраќање, Зеленски повтори дека Украина ќе одговори на руските дејствија „целосно симетрично“ – што го кажа и вчера, како одговор на најавата на Путин за примирје.

„Ситуацијата на бојното поле покажува дека за воспоставување на примирје е неопходен притисок врз Москва и вистински надзор на активностите на окупаторските сили“, навел шефот на украинската држава.

Слични содржини