🎥„Фокс Њуз“ го именува Киев како дел од Русија

од Nikola Popovski
26 прегледи

Американскиот канал „Фокс њуз“ за време на директниот пренос на Велигденската богослужба во Киев напиша дека Киев е дел од Русија, пренесуваат украинските медиуми.

Телевизијата ги емитуваше литургиите на Православната црква на Украина од манастирот Михајловски и на Украинската грчко-католичка црква од Патријаршиската катедрала Воскресението Христово.

Преводот со грешка: Велигденска служба: Киев, Русија беше поправен за време на емитувањето.

Во исто време, „Фокс њуз“ продолжи со емитување на Велигденската богослужба од московската катедрала Христос Спасителот, со учество на патријархот Кирил и рускиот претседател Владимир Путин.

Првично, преносот од Украина беше проследен со точниот наслов „Киев, Украина“. Но, по кратка пауза, на екранот пишуваше „Киев, Русија“, што беше поправено околу 20 минути подоцна.

Украинското Министерство за надворешни работи побара официјално извинување од телевизискиот канал и внатрешна истрага.

-Ако ова е навистина грешка, а не политичка порака, напиша на социјалните мрежи, претставникот на министерството, Георги Тихи.

Потсетуваме дека претходниот ден рускиот прогласи велигденско примирје од 19:00 часот на 19 април до полноќ на 21 април по московско време, кое и покрај најавите не се почитува.

Слични содржини