Поради венчавката на милијардерот Џеф Безос со Лорен Санчез во јуни оваа година, Венеција очекува 200 елитни гости кои ќе бидат сместени во три луксузни хотели на островот Сан Џорџо Маџоре.
Возбудата во Венеција каде во јуни ќе се одржи венчавката на вториот најбогат човек на светот Џеф Безос и Лорен Санчез го достигна својот врв. „Луѓето се речиси хистерични од возбуда – од возачи на такси до рецепционери во хотели“, изјавил локален извор за Дејли Мејл.
Три од најдобрите хотели во градот се резервирани за свеченостите: Палатата Аман, Сент Реџис и Палатата Грити. Во нив ќе престојуваат околу 200 гости, меѓу кои наводно ќе има познати личности како Опра Винфри, Ким Кардашијан, Барбра Стрејсенд и Леонардо ди Каприо, како и шефицата на Vogue Ана Винтур и милијардерите Бери Дилер и Бил Гејтс.
На дополнителни 200 вработени, исто така, ќе им треба сместување помеѓу 26 и 29 јуни, при што изворите зборуваат за повеќе настани во текот на трите дена.
Но, врвен момент ќе биде свадбената церемонија, а многумина во Венеција веруваат дека приватниот остров Сан Џорџо Маџоре е местото што парот го избрал за настанот. Ова прекрасно, затскриено место е дом на поранешниот манастир Сан Џорџо, во кој сега се наоѓа Фондацијата Цини, културна добротворна организација. Има фантастичен поглед низ лагуната до плоштадот Свети Марко и Дуждовата палата. Зградите се полни со уметнички дела и вредни архиви, а нивните манастири би можеле да бидат совршен амбиент.
Портпаролот на фондацијата вели дека тие „не можат да потврдат, коментираат или демантираат“ ништо поврзано со венчавката. Извор од градското собрание на Венеција вели дека Цини е сигурно во конкуренција да биде домаќин на шефот на Амазон, кој пристигна оваа недела да ги обиколи потенцијалните локации и да се сретне со градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро. Безос е „исклучително загрижен за приватноста“, а Cini сигурно ќе обезбеди совршена заштита на настанот од љубопитните очи.
Извори од градското собрание додадоа дека јавните простори нема да бидат затворени и туристите сепак ќе можат да уживаат во градот додека се одржува венчавката, што исто така сугерира дека приватниот манастир на островот ќе биде во центарот на свеченостите.
Во тек е планирање на свадбата за да се задржи градот отворен во текот на целиот настан, ова ќе биде многу приватен настан и многу добро испланиран. Што се однесува до безбедносните прашања, Фондацијата Цини двапати беше домаќин на состанокот на Г7, на кој присуствуваа светски лидери, вклучувајќи ги Франсоа Митеран и Маргарет Тачер, така што тие сигурно имаат искуство таму.
А цената? Минатата година имаше информации дека венчавката ќе чини 500 милиони долари, што Безос ги исмеа како „лажни вести“.
Еден планер на венчавки, кој сакаше да остане анонимен, рече: „Можете да направите совршено убава свадба во Венеција за половина милион, но јас би рекол 30 милиони долари се долната граница, а не горната граница. Кога ќе ги земете предвид А-листата и другите изведувачи, приватните авиони, луксузното сместување и дискрецијата на златниот стандард, вкупните трошоци лесно може да пораснат“.
Безос сигурно го има најдоброто од најдобрите во својот тим. Се верува дека свадбениот викенд го организира исклучително дискретната компанија Ланза и Баучина, со која раководат италијанскиот принц Антонио Ликата ди Баучина и двајцата италијански грофови Рикардо и Алерамо Ланца. Нивната веб-локација е празна, освен зборовите: „Лидер во создавање, дизајн и управување со глобални настани со искуство кое се движи од кралски и славни свадби од А-листа до револуционерни продукции на извонредни и неистражени локации. Основани во 2000 година, работевме на секој континент и сме одговорни за дизајнирање на најексклузивните, приватни и спектакуларни забави во светот. Дискрецијата е од клучно значење за нас. Немаме присуство на социјалните мрежи и не објавуваме примери од претходни дела“.
Сепак, нашироко е познато дека луксузната компанија стои зад романтичната венецијанска венчавка на Џорџ Клуни со Амал во 2014 година, која главно се одржа во хотелот Аман Палас, палата од 16 век. Ланза и Баучина ја организираа и венецијанската венчавка во 2009 година на актерката Салма Хајек со милијардерот Франсоа-Анри Пино, која се одржа во операта Ла Фенис.
Безос и Сачез беа видени во Венеција на почетокот на оваа недела, а подоцна во Милано. Поранешната ТВ водителка, како и Амал Клуни има планирано неколку различни изданија за венчавката, но изворите сугерираат дека таа ја избрала американската куќа Оскар де ла Рента за венчаница, на предлог на шефицата на Вог, Ана Винтур.
Гласините дека венчавката ќе се одржи на суперјахтата на Безос, Кору, вредна 500 милиони долари, се отфрлени, но најверојатно ќе се одржи барем една забава на бродот, кој ќе биде закотвен во венецијанската лагуна.