17
Денеска во Москва е најтоплиот ден досега за 20 април, со температура од 24,4 степени Целзиусови, со што е соборен рекордот поставен во 1995 година, изјави Михаил Леус, специјалист во Метеоролошкиот центар „Фобос“.
„Москва го постави својот трет последователен и четврти априлски максимален температурен рекорд. Според податоците од градската базна метеоролошка станица ВДНХ, до пладне температурата достигна 24,4 степени, што е речиси половина степен повисока од претходниот рекорд од 1995 година“, рече Леус на својот канал на Телеграм, пренесува РИА Новости. Тој додаде дека Можајск, Коломна, Калуга, Тула и Рјазан исто така поставиле нови температурни рекорди за денешниот ден, пренесува Танјуг.