Полицијата во Белград уапсила лице со иницијали И.Г. (47), кое преку социјална мрежа испратило свои разголени фотографии, а потоа побарало средба со средношколка во центарот на градот, дознава „Телеграф“. Според неофицијални информации, еден од учениците направил лажен профил со фотографија и име на девојчето и започнал дописка со осомничениот педофил.
По размена на бројни пораки, И.Г. пристигнал пред училиштето на договорената средба. Наместо девојчето, таму го пречекале нејзините родители, кои веднаш ја повикале полицијата. Преку лажниот профил, осомничениот испратил свои разголени фотографии и предложил да се сретнат и „забавуваат“.
Полицијата му го одзела мобилниот телефон, а за целиот случај е известено и надлежното обвинителство. Осомничениот се бранел дека не сакал да ја повреди девојката, туку дека се појавил затоа што таа прифатила да се дружи со него.