Најсреќниот човек или најголемиот лажго? Изјава на Џорџ Клуни предизвика лавина реакции

од Nikola Popovski
282 прегледи

Актерот Џорџ Клуни (63) уште еднаш предизвика лавина од коментари со своето неверојатно тврдење дека тој и неговата сопруга Амал Клуни (47) за повеќе од десет години брак никогаш не се скарале.

Во неодамнешното појавување на „CBS Mornings“, Џорџ Клуни го повтори за водителката Гејл Кинг она што првпат го изјави во 2022 година:

„Се сеќавам дека одамна бевме овде со вас и рековме дека никогаш не сме се скарале. Тоа сè уште важи. Сè уште не сме се скарале. Ние всушност се обидуваме да најдеме нешто за да се расправаме!“.

Актерот зборувал само со комплименти за својата сопруга Амал Клуни, истакната адвокатка за човекови права: „Се чувствувам многу среќен што ја запознав оваа неверојатна жена. Тоа е како да го добив џекпотот. Не поминува ниту еден ден да не мислам дека сум најсреќниот човек на светот“.

Ова необично тврдење предизвика бран скептицизам на социјалните мрежи. Еден корисник на платформата „X“ напиша дека парот „веројатно има посебни спални соби“, додека друг сподели популарно меме со натпис „Седиш на тронот на лагите“.

Дури и нивните блиски пријатели тешко го прифаќаат ова тврдење. Амал открила во едно претходно интервју: „Тоа ги полудува некои од нашите пријатели. Имам братучед кој, секогаш кога ќе го видиме, првото нешто што не прашува: „Дали се скаравте?“ и тоа уште пред да се поздрави“.

Џорџ и Амал Клуни се верија во април 2014 година, се венчаа во септември истата година во Италија, а во 2017 година ги добија близнаците Ела и Александар.

Слични содржини