Хејли Бибер, 28-годишната сопруга на Џастин Бибер, во понеделникот на социјалните мрежи откри дека повторно се соочува со сериозен здравствен проблем.
„Ако се борите со цисти на јајниците, јас сум тука со вас!“, напиша Хејли Бибер покрај фотографијата на која лежи во болка. На фотографијата таа го подигна својот горен дел од облеката за да го покаже благо отечениот стомак и јасно стави до знаење дека не е бремена.
Ова не е прв пат познатата манекенка и претприемач да се соочи со овој здравствен проблем. Таа во 2022 година отворено зборуваше за проблемите со цистите. „Немам ендометриоза или PCOS, но неколку пати имав цисти на јајниците и тоа никогаш не е забавно“, рече таа тогаш.
Како што објаснуваат експертите од американската клиника Мајо, цистите на јајниците се вреќички исполнети со течност кои се формираат во или на површината на јајниците. Повеќето цисти се безопасни и исчезнуваат без потреба од никаков третман во рок од неколку месеци, но понекогаш може да се искриват или да пукнат, предизвикувајќи сериозни симптоми и болка. Експертите препорачуваат редовни гинеколошки прегледи за навреме да се откријат потенцијалните проблеми.
Додека Хејли се бори со здравствени проблеми, нејзиниот сопруг Џастин Бибер (31) е виден како ужива на популарниот фестивал Коачела. Во видеото на TikTok кое се појави во неделата, пејачот беше снимен без маица меѓу посетителите на фестивалот во Калифорнија.
Во вториот дел од истото видео, двократниот добитник на Греми е прикажан како пуши во посебен простор, облечен во сива качулка, а многумина врз основа на она што го виделе заклучиле дека во раката има марихуана.