Рајан Гуд, долгогодишен пријател на Џастин Бибер и ко-основач и креативен директор на неговиот моден бренд Drew House, верува дека пејачот е под влијание на култ. Според извори блиски до ТМЗ, Гуд не бил во контакт со Бибер повеќе од една година бидејќи е загрижен за неговата поврзаност со пасторот Џад Смит.
Рајан наводно одлучил да ја напушти црквата Черхом во Беверли Хилс, каде Смит е еден од главните водачи. Гуд верувал дека Црквата функционира како култ, а откако Џастин се зближил со Смит, се оддалечил од него и ја прекинал комуникацијата.
Колку пејачот е близок со својот свештеник покажува фактот што пред неколку години го назначи за член на одборот на директори на Drew House и покрај тензиите што тогаш постоеле меѓу Смит и Гуд. Изворите тврдат дека одлуката била „чудна“, бидејќи Смит нема искуство во бизнисот.
Според изворите, Рајан е длабоко загрижен за Џастин, особено откако на социјалните мрежи почнаа да се шират снимките на кои пејачот се однесува невообичаено и загрижувачки.
Претходно овој месец, Бибер јавно го објави своето повлекување од Drew House и ги повика фановите да престанат да го поддржуваат брендот.
„Јас, Џастин Бибер, повеќе не се занимавам со овој бренд. Drew House не ме претставува мене, ниту моето семејство, ниту животот. Ако ме поддржувате мене, човекот Џастин Бибер, не трошете пари на Drew House“, напиша тој на својот Инстаграм профил.
Неодамна, фановите се повеќе се загрижени за неговата психичка состојба. Покрај неговото необично однесување во јавноста и на социјалните мрежи, се појавија и гласини за наводна употреба на дрога, што неговиот претставник претходно остро го демантираше. Тој рече дека таквите тврдења се „исцрпувачки и патетични“ и додаде дека тие покажуваат дека луѓето се „посветени да ги одржуваат во живот негативните, груби и штетни приказни“ и покрај „очигледната вистина“.
Иако неговиот претставник вели дека Џастин е добро, загриженоста продолжува. Некои од неговите поранешни блиски соработници и пријатели отворено зборуваат за стравот за менталното здравје на пејачот.
„Да го видите како се распаѓа вака… тоа е како да гледате олицетворение на некој кој не ја живее својата цел“, изјави поранешен член на тимот за „Холивуд Репортер“.
Џејсон Бојд, авторот на неколку негови најголеми хитови, изјави: „Низ што и да минува, се молам за него и се надевам дека е добро“.