Маркус Рашфорд ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата кон средината на јуни, тврди „Гардијан“. Напаѓачот претпочита да го напушти Манчестер Јунајтед и да се пресели во клуб кој ќе учествува во Лигата на шампионите, но тој нема желба да се пресели во лондонски клуб.
Рашфорд беше позајмен во Астон Вила во јануари, откако се скара со Рубен Аморим. Додека Португалецот е на кормилото на „црвените ѓаволи“, играчот најверојатно нема да се врати на „Олд Трафорд“. Напаѓачот се чувствува одлично во Бирмингем и одлично се согласува со Унаи Емери и неговите соиграчи. Откако е таму, има забележано четири гола и шест асистенции на 17 натпревари.
Вила има опција да го купи за 40 милиони фунти. Пред да одлучи да го искористи, клубот треба да се договори со Маркус. Фудбалерот ќе почека да види какви опции му стојат на располагање на лето пред да донесе одлука. Манчестер Јунајтед сака да го продаде, а не повторно да го позајмува, за да се ослободи од неговата неделна плата од 365.000 фунти.