Деми Мур, холивудската икона за убавина и ѕвезда на филмот „The Substance“, отворено проговори за строгите диети и напорните тренинзи на кои го подложувала своето тело низ годините.
По повод насловната страница на изданието „Најубавата на светот“, 62-годишната актерка во ексклузивно интервју за магазинот „Пипл“ се присети на периодот кога, како што признава, го „мачела“ своето тело за улоги и изглед, нагласувајќи: „Навистина се казнував себеси“.
Таа со години беше позната по својата беспрекорна фигура, но зад неа стоеја исклучително строги режими на исхрана и вежбање, особено по улогите во филмовите „Striptease“ од 1996 година „G.I. Jane“ една година подоцна. Мур се присети како знаела да вози велосипед од Малибу до студиото „Парамаунт“, оддалеченост од околу 42 километри, сето тоа затоа што многу му придавала вредност на сопствениот изглед. Во нејзината автобиографија „Inside Out“, таа опиша како чувствува дека не може да престане да вежба и дека подготовката за филмот „A Few Good Men“ ја разгорела опсесијата со вежбање која траела со години. Таа признала дека во тоа време немала здрав однос со сопственото тело и дека всушност била во маѓепсан круг на самоказнување.
Пресвртот дошол по снимањето на филмот „G.I. Jane“ за што значително ја зголемила мускулната маса поради улогата. Иако чувствувала сила, сфатила дека не сака да задржи таков надворешен изглед, туку дека таа сила сака да ја почувствува одвнатре. Беше исцрпена од се што му правеше на телото. После тоа, таа одлучи да престане да се обидува целосно да ја контролира исхраната и вежбањето, што и донесе чувство на олеснување. Сакала да си ја врати природната големина која ја изгубила по три бремености и години строги диети и интензивно вежбање.
Денес, Мур нагласува дека нејзиниот приоритет е целокупното здравје и благосостојба, а не само надворешниот изглед. Таа смета дека развила понежен однос кон себе и дека сега ѝ се поважни долговечноста и квалитетот на животот. Наместо екстремни тренинзи, денес преферира умерени активности како пилатес и танцување и вежба дома без претерување вежба.
Улогата во филмот „Striptease“ ментално ја зајакнувал, иако и било многу непријатно со танцот. Сепак, таа верува дека ова искуство и помогнало да најде сопствена удобност во движењето на телото. Слично искуство имала и во филмот „Тhe Substance“ каде се појавува гола. Мур нагласува дека прифаќањето на телото во шеесеттите е чин на ослободување. Свесна е дека нејзиното тело повеќе не е исто како во нејзините дваесетти, но сега го прифаќа и го сака. Иако изложувањето на телото на таа возраст е многу ранливо, верува дека тоа било важно за приказната на филмот.