BMW го претстави M4 Nurburgring Edition на саемот за автомобили во Шангај.
Овој модел ја слави легендарната патека Нирбургринг и нејзината поврзаност со BMW M дивизијата. Со оглед на тоа што патеката е позната и како „Зелен пекол“, автомобилот е обоен во BMW Individual Frozen Deep зелено. Контрастот го создава решетката на ладилникот со црвени рабови, како и бронзените бандажи зад кои се кријат црвени клешти на сопирачките.
Внатрешноста останува главно иста, но добива специјални панели на вратите и двобојни спортски седишта со извезена скица од Нирбургринг на потпирачите за глава. Има многу јаглеродни детали, додека пред возачот има волан со рамно дно обвиткан во Алкантара.
Специјалното издание е засновано на моделот M4 Competition со погон на сите тркала, што значи дека автомобилот е придвижуван од 3.0-литарски твин-турбо мотор што развива 530 КС. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,2 секунди.
Производството е ограничено на 53 примероци, што се однесува на 53-годишнината од BMW M дивизијата. За жал, ова специјално издание е резервирано за кинескиот пазар.