Кина размислува за изградба на нуклеарна централа на Месечината за да го поддржи својот заеднички проект со Русија за Меѓународната истражувачка станица на Месечината (ILRS). Амбициите на Пекинг да стане доминантна сила во вселената се во постојан напредок, а Кина планира да ги спушти првите астронаути на Месечината во 2030 година.
Мисијата Chang’e-8 е клучна во овој поглед, бидејќи се планира да достави делови од лунарната станица до нуклеарниот центар. Оваа мисија е закажана за 2028 година, а главниот инженер Пеи Жаоју тврди дека мисијата ќе се потпира на енергетската инфраструктура базирана на соларната енергија.
Жаоју додава дека се предвидени проекти кои ќе се потпираат на нуклеарната енергија преку цевководи и кабли дизајнирани за загревање и снабдување со електрична енергија низ површината на Месечината.
Нуклеарен реактор на Месечината би служел како примарен извор на енергија за мисијата, која ќе биде поддржана од експерти од руската вселенска агенција Роскосмос, кои имаат искуство со нуклеарна енергија во вселената.