Тошковски до семејствата на настраданите од Кочани: Ви должиме повеќе од сочувство

од Nikola Popovski
377 прегледи

На денешната собраниска седница на која се расправа за негова интерпелација, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека жали за секој изгубен живот и секое срце што се скрши кобната ноќ во кочанската дискотека „Пулс“.

-Жалам затоа што немало систем кој што функционира и би спречил таква трагедија. Секоја критика или дилема заслужуваат сериозен одговор, заснован на факти, истакна Тошковски од собраниската говорница.

За пожарот во „Пулс“, министерот вели дека нема законска основа да се тврди дека МВР имало пропуштање на пиротехниката.

-Одговорноста е исклучиво кај оние кои што внеле, дозволиле да биде внесено и употребено спротивно на законот, додаде Тошковски од собраниската говорница.

Министерот потенцира дека „не бега и не молчи и не се крие“. Според него, граѓаните имаат право да прашуваат и да добијат одговори, но никој нема право да ја злоупотребува болката за ситни политички поени. Се обрати и до семејствата на загинатите во Кочани.

-Ви должиме повеќе од сочувство – ви должиме систем што учи од трагедија, ама не ја заборава. Секој ден во оваа институција, ќе биде заложба вашата болка да не остане нем сведок на заборавот. Ќе направиме се што е во наша моќ за да изградиме што штити и го става животот на граѓаните пред се…, кажа меѓу другото Тошковски пред пратениците.

Слични содржини