23
Горан Трпеноски, поранешен член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), во „Топ Тема“ изрази загриженост за актуелната ситуација со претседателката на комисијата, која се наоѓа под истрага за оддавање на службена тајна. Трпеноски смета дека не треба целата институција да биде доведена во прашање поради дејствијата на поединец, и дека комисијата може да продолжи со работа дури и без претседателот, благодарение на добриот тим и заменикот. Сепак, тој истакнува дека претседателката треба да се повлече додека не заврши истрагата, бидејќи таа е одговорна за интегритетот на институцијата.