Гордана Сиљановска-Давкова: 1 Мај е ден за вреднување на трудот и почитување на работничките права

од Марта Пешевска
18 прегледи

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го честиташе 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, упатувајќи порака во која истакна дека денес се слават работниците кои со својот труд придонесуваат за изградбата на државата и општеството. Таа потсети на важноста на борбата за работничките права и нагласи дека 1 Мај е ден кога работниците и синдикатите имаат право да протестираат за повисоки плати и пошироки права, како и да се укаже на социјалниот карактер на македонската држава.

Во пораката, Сиљановска-Давкова истакна дека на овој ден треба да се запрашаме за правото на работа, заштитата на работниците, достоинството на трудот и почитувањето на работничките права. Таа апелираше за вреднување на трудот, соодветни услови за работа, правична плата и почитување на социјалната правда, како основни принципи на демократскиот систем.

„Само задоволниот работник може да биде продуктивен, ефикасен и ефективен. Да го чуваме и вложуваме во нашиот највреден ресурс – човекот“, порача Силјановска.

Слични содржини