Мицкоски се пофали дека е намален државниот долг

од Nikola Popovski
158 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се пофали дека добил уште една убава вест за македонската економија и граѓаните. Според него, во првиот квартал од 2025 година, заклучно со 31-ви март, намален е јавниот и државен долг.

-Јавниот долг е 57,7% од бруто домашниот производ, а државниот долг е 50,1% од бруто домашниот производ. Ова е најниско ниво во последните пет години и споредено со состојбата од 2020 година, јавниот долг е намален за -2%, а државниот долг е намален за -0,7%.

Одлични индикатори за состојбата на македонската економија. После првата фаза на стопирање на слободното паѓање што се случуваше седум години, побргу од очекуваното се случи консолидирање, сега следува период на развој и реализација на стратешките цели во овој мандат на владата, порача премиерот во објава на социјалните мрежи.

Претседателот на Владата додаде дека неговиот кабинет ќе продолжи со дисциплинирани и развојни економски политики.