Вистинска шпанска сапуница! Верстапен доби ќерка со Кели, која веќе има дете со друг возач од Формула 1

од Љубиша Владимиров
217 прегледи

Во средината на тековната Ф1 сезона, фановите беа изненадени и воодушевени од радосната вест — двократниот светски шампион Макс Верстапен (27), познат како „Летечкиот Холанѓанец“, стана татко! Неговата партнерка, моделот Кели Пајк (37), на „Инстаграм“ сподели емотивна црно-бела фотографија со новороденчето и трогателен опис:

„Добредојде на светот, слатка Лили. Нашите срца се испополнети како никогаш досега. Ти си нашиот најголем дар. Те сакаме“.

На фотографијата, Верстапен со широка насмевка ја прегрнува својата избраничка, која нежно го држи бебето во прегратка. Сцената плени со топлина и интимност — насмевката на Макс, велат фановите, е дури поретка и посјајна од онаа што ја покажува на победничкиот подиум. Кели Пајк не е само позната фигура од светот на модата — таа е и ќерка на легендарниот трикратен светски шампион во Формула 1, Нелсон Пике. Со оваа вест, се споија две моќни династии од светот на моторспортот: Верстапен и Пике. Фановите веќе почнаа да шпекулираат: дали малата Лили ќе го продолжи семејното наследство и ќе стане идна Ф1 ѕвезда?

Интересен факт е што пред врската со Верстапен, популарната манекенка и инфлуенсерка Кели беше во романса со друг член на „најбрзиот циркус на светот“ — рускиот возач Данил Квјат. Од таа врска ја има ќерката Пенелопе, со што малата Лили веќе има постара сестра.

Слични содржини