Американскиот сенатор Марко Рубио ја осуди одлуката на германските разузнавачки служби да ја класифицираат партијата „Алтернатива за Германија“ (AfD) како „десничарска екстремистичка организација“ и ја повика Германија да „го промени курсот“. Рубио напиша на социјалната мрежа X дека „Германија штотуку ѝ дала на својата разузнавачка агенција нови овластувања да ја следи опозицијата. Ова не е демократија – ова е прикриена тиранија“.
Според него, „оно што е навистина екстремно не е популарната AfD, која го освои второто место на неодамнешните избори, туку смртоносната политика на отворени граници за имиграција, на која се спротивставува AfD“. Тој додава дека „Германија треба да го промени правецот“.
Оваа класификација доаѓа само неколку дена пред формирањето на новата германска влада, предводена од конзервативците, и идниот канцелар Фридрих Мерц. Германската разузнавачка агенција во петокот ја прогласи AfD за потврдена „десничарска екстремистичка“ организација која „не го почитува човековото достоинство“ и ја загрозува демократијата. Ревизијата на безбедносните агенции резултираше со нова класификација која ѝ дава на разузнавачката агенција пошироки овластувања за надзор на AfD. Овие наоди се наведени во интерен извештај од 1.100 страници.