Изјавата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, дека одлуката за Законот за употреба на јазиците ќе се донесе по локалните избори, предизвика реакција од Бујар Османи, поранешен министер за надворешни работи и потпретседател на ДУИ.
Османи смета дека ваквиот временски распоред ја потврдува наводната намера на Владата да го укине Законот по изборите, за да не го наруши, како што вели, „албанскиот проект“. Тој предупреди дека ова ги претвора изборите во „референдум за албанскиот јазик и еднаквоста“.
Костадиновски, пак, порача дека нема место за страв, бидејќи судот нема да ускрати никакви уставно загарантирани права. Подготвителната седница за Законот е закажана за 19 јуни.