Конкурс за нов судија во Европскиот суд за човекови права: 21 кандидат за наследник на Јован Илиевски

од Марта Пешевска
98 прегледи

По завршувањето на мандатот на Јован Илиевски, судија претставник на Македонија во Европскиот суд за човекови права, на распишаниот конкурс за негов наследник се пријавиле 21 кандидат, меѓу кои судии, адвокати и обвинители. Попознати имиња се обвинителката Ленче Ристоска и судијката Оља Ристова.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека Меѓуресорската комисија, формирана од Владата, ќе ги разгледа апликациите, ќе ги интервјуира кандидатите и ќе предложи тројца кандидати до Советодавниот панел на експерти при Советот на Европа.

Конечната одлука ќе ја донесе ова тело, а мандатот на новиот судија ќе започне на почетокот на 2026 година. Процесот на селекција ќе се спроведе во согласност со утврдените критериуми, со цел обезбедување транспарентност и објективност.