Започна изградбата на автопатот Тетово–Гостивар: Мицкоски најави 1.200 активни градилишта низ државата

од Марта Пешевска
78 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Полог го најави почетокот на изградбата на новиот автопат Тетово–Гостивар, долг 18 километри, како дел од стратешкиот Коридор 8. Во своето обраќање, тој потенцираше дека Република Македонија има потенцијал да биде клучна транспортна алка на паневропските коридори и НАТО Алијансата, поврзувајќи ги Јадранското, Јонското и Црното Море.

Мицкоски истакна дека Владата активно работи на подобрување на инфраструктурата низ целата држава, со повеќе од 1.200 градежни локации, како и дека сите општини поднеле проекти вредни речиси 16 милијарди денари. Тој им се заблагодари на општините, пратениците, амбасадорката на САД, Агелер, изведувачите и сите работници, истакнувајќи дека „денес не зборуваме за минатото, туку ја градиме иднината“.

Слични содржини