Холандскиот возач Макс Верстапен ја освои пол-позицијата на неделната трка во Формула 1 во Мајами, потврдувајќи уште еднаш својата класа и статус како фаворит за победа на трката.
Верстапен беше побрз од Ландо Норис, кој заостануваше само 0,065 секунди, додека третото место му припадна на младиот Кими Антонели со речиси идентична разлика од 0,067.
Оскар Пјастри ќе стартува четврти, а Џорџ Расел петти.
Најголемото изненадување во квалификациите беше тимот на Вилијамс, кој по долго време се најде во борба за првото место, па Карлос Саинц и Алекс Албон ќе стартуваат од шестата и седмата позиција.
Од друга страна, седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон ќе има исклучително тешка задача бидејќи ќе стартува едвај од 12-то место.
Големата награда на Мајами е закажана за вечерва со почеток во 22:00 часот.