20
Во Франција, минатата година е регистрирано зголемување од 20 проценти на измами поврзани со добивање права од социјална помош во споредба со претходната година, објави Националната служба за семејна помош (CNAF), објавија денес француските медиуми.
Директорот на таа служба, Николас Гривел, изјави дека се регистрирани измами во износ од 450 милиони евра, пишува „Фигаро“.
Според него, во измамите не учествуваат само поединци, туку и организирани мрежи.