Гласините за наводниот развод меѓу поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер не стивнуваат. Иако парот досега не се огласил официјално по повод овие шпекулации, интересот на јавноста постојано расте, особено по најновата објава на Ивановиќ на социјалните мрежи.
Ана објави фотографии од својот тренинг, но она што привлече најголемо внимание не беше нејзината фит форма, туку изразот на нејзиното лице. Следбениците брзо забележаа дека на поранешната шампионка ѝ недостига вообичаената насмевка, што дополнително ги подгреа шпекулациите за нејзината моментална емотивна состојба. Под фотографиите, коментарите се редеа еден по еден, а најчести беа оние со пораки на поддршка:
„Ана, прекрасна си, само треба да си ја вратиш насмевката на лицето.“
Ивановиќ и понатаму е во центарот на вниманието на јавноста, а нејзините објави будат интерес и реакции ширум светот. Додека не се добие официјална потврда или демант, сите информации за евентуален развод остануваат во доменот на шпекулации.
View this post on Instagram