Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година за научното дело „Македонски дијалектен атлас“

од desk4
174 прегледи

Годинашната државна награда „Гоце Делчев“ им беше доделена на група научници за заедничкото дело „Македонски дијалектен атлас (од ризницата на картотеката – лексички материјали)“. Меѓу добитниците се професор доктор Веселинка Лаброска, академик и професор доктор Марјан Марковиќ, како и уште четиринаесет автори, меѓу кои и постхумно наградениот профeсор доктор Аритон Поповски.

На свеченоста во Собранието присуствуваше министерката за образование и наука Весна Јаневска, која истакна дека делото претставува значаен придонес за македонската наука и дијалектологија. Таа најави нови закони и зголемени инвестиции во научно-истражувачката дејност, како и досега најголем буџет за наука од 680 милиони денари.

Од име на добитниците, се обрати Веселинка Лаброска, која ја нагласи важноста на тимската работа и зачувувањето на македонскиот јазик како темел на националниот идентитет.