Само шест спортски двојки во светот имаат поголема заедничка заработка од германско-српската комбинација – Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер. Според анализата на порталот GiveMeSport, која се повикува на студија на Gambling Zone, оваа двојка се наоѓа на високо 7. место на листата на најбогати спортски парови, со вкупна нето-вредност од неверојатни 107 милиони евра.
На врвот на листата се Дејвид и Викторија Бекам со 514 милиони долари, следени од Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез со 512 милиони, а потоа следуваат Лионел Меси, Вејн Руни, Серхио Рамос и Роберт Левандовски со нивните партнерки.
Но додека богатството расте, љубовната приказна на Ана и Бастијан изгледа дека влегува во криза. Веќе неколку дена медиумите шпекулираат за можен развод, а како причина се наведува блискоста на Швајнштајгер со неговата колешка, германската спортска водителка Естер Седлачек, која, според неофицијални информации, е дури и бремена. Контроверзните изјави во живо, како и јавната покана на Бастијан до Естер да го поминат викендот заедно, дополнително ја разгореа шпекулацијата. Однесувањето на Ана и Бастијан во јавноста, особено фактот што веќе не носат венчални прстени, уште повеќе ги поттикна гласините за разделба.
Приватниот живот на Естер Седлачек останува обвиткан во тајност, познато е дека е во брак, но идентитетот на нејзиниот сопруг не е јавен. Таа има две деца и, според извори, сега е во трета бременост. Во меѓувреме, јавноста се потсетува на романтичниот почеток на љубовната приказна меѓу Ана и Бастијан. Во подкастот на „Билд“ снимен во 2023 година, Швајнштајгер откри дека првпат ја запознал Ана во Њујорк, преку заеднички пријател, кошаркарот Штефен Хаман.
„Во тоа време не зборував добро англиски, па повеќе ја слушав Ана отколку што зборував. Но, брзо сфатив дека таа е жената на мојот живот, изјави Швајнштајгер, додавајќи: „Го „освоив“ семејството на Ана кога долетав во Белград и на српски јазик побарав дозвола од нејзиниот татко за да ја побарам за жена“. Денес, неколку години подоцна, со две деца, нивниот брак се соочува со голем предизвик. Доколку шпекулациите се потврдат, парот ќе мора да се соочи со делба на имот вреден повеќе од сто милиони евра. Судбината на нивната љубовна приказна останува неизвесна, а јавноста со нетрпение ги следи случувањата.