Тотален мрак за ѕвездата од 130 милиони евра, едно време сите го бараа, сега никој не го сака

од Марта Пешевска
146 прегледи

Фудбалскиот клуб Милан нема да го откупи договорот на Жоао Феликс на крајот од оваа сезона. Португалскиот фудбалер не успеа да ги оправда очекувањата во италијанскиот клуб, откако пристигна како позајмен играч од Челзи.

Феликс, кој има вредност од 130 милиони евра, одигра само 11 натпревари за Росоњерите и не постигна ниту еден гол, што не беше доволно за да го задржи својот статус во тимот. Овој неуспех следува по неговите неуспешни позајмици во Атлетико Мадрид, Челзи и Барселона.

Со оглед на тоа што најдобрите клубови во Европа не се заинтересирани за него, Феликс може да ја продолжи кариерата надвор од Стариот континент. Според информации од англиските медиуми, бразилскиот клуб Фламенго покажал интерес за португалскиот напаѓач и преговорите за нова позајмица со Челзи веќе започнале.

Слични содржини