Ноќта од недела кон понеделник во Белград се случил сериозен инцидент и физички конфликт во кој учествувале четворица кошаркари на Партизан. Според српски „Спортал“, по тепачката, две лица се здобиле со полесни повреди, додека едно лице е тешко повредено.
По победата против Мега во српското дерби од АБА лигата, членовите на првиот тим на „црно-белите“ излегле во дискотека, а завршиле како учесници во тепачка на улица.
Според изјавите на повредените што ги дале во полициска станица, Карлик Џонс, Стерлинг Браун, Исак Бонга и Френк Нтиликина биле во ноќен клуб. Конфликтот наводно се случил кога играчите на Партизан решиле да ги бранат девојките кои биле со нив, а биле навредувани од друга група на лица.
„Ги провоцираа затоа што беа во друштво на кошаркари со темна кожа. Мислам дека ги навредуваа и на расна основа, кажувајќи им што бараат со нив. Потоа го напуштија клубот и ги чекаа кошаркарите напред, каде што избувна масовната тепачка“, изјавил еден од очевидците за „Спортал“.
Posle noćnog izlaska, trojica košarkaša Partizana su ušla u žestok okršaj sa jednom osobom (kako se vidi na snimku), a sukob je eskalirao i jedan od njih je flašom udario momka.u sukobu su učestvovali Karlik , Braun i Bonga #kkp #kkcz #caosvima pic.twitter.com/8HDkMsG9Md
— 🍓 (@guduricotablu) May 5, 2025
Видео од инцидентот се појави и на социјалните мрежи. На снимката се гледа маж, за кого сведоците и повредените тврдат дека е Карлик Џонс, како удира друг млад човек по главата со шише во глава. Повредениот паднал, а репрезентативецот на Јужен Судан, според видеото, го гаѓал лицето со остатоците од скршеното шише. Инцидентот се случил околу 4 часот наутро.
Полицијата пристигнала на местото на настанот околу 4:30 часот и пронашла три повредени лица – М.К., Н.Ј. и Ј.К., кои дале изјави и изјавиле дека кошаркарите на Партизан учествувале во тепачката. Брза помош ги превезла во болница, каде што било утврдено дека двајца имале полесни повреди на главата, а третиот имал скршен прст. Фудбалерите на Партизан не биле пронајдени од полицијата на местото на инцидентот, но се очекува наскоро да дадат изјави во станица.
Карлик Џонс потпиша двегодишен договор со Партизан во јули 2024 година, но овој настан би можел сериозно да влијае на неговиот статус во клубот. Веќе во петок, од 19:00 часот, Партизан ќе го игра првиот натпревар од четвртфиналето на АБА лигата против Спартак Суботица, а останува неизвесно дали Џонс ќе му биде на располагање на тренерот Жељко Обрадовиќ.