🎥„Зошто дрскоста?“ Ким Кардашијан со лута реакција откако ѝ го згазија фустанот што го носеше на Мет Гала

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан изгледаше вознемирена откако еден обезбедувач стапна на нејзината облека додека присуствуваше на Мет Гала во Њујорк.

Ова се случило додека таа го напуштала хотелот „Риц-Карлтон“ со нејзината ќерка Норт Вест. Таа се сврте кон обезбедувачот, ја крена раката, а потоа продолжи да оди кон автомобилот.

Некои ја сметаат нејзината реакција за сосема нормална, додека други мислат дека не требало да се однесува вака.

@nicolecerratob #kimkardashian #northwest #metgala #met #redcarpet #fyp #outfit ♬ original sound – Nicole

„Требаше да обрне повеќе внимание каде оди“, „Таа речиси падна поради него“, „Следниот пат Ким треба да облече фустан во кој ќе може да се движи за да не се случи оваа ситуација“, „Зошто дрскоста?“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Читателката на усните, Никола Хиклинг, за „Мирор“ изјави дека Кардашијан му рекла на обезбедувачот: „Внимавај каде одиш“.

Мет Гала се одржа во Метрополитен музејот на уметност и собра бројни други познати личности.

Поединечен билет за Мет Гала чини 75.000 долари, а почетната цена за резервација на маса за повеќе гости е 350.000 долари.

Настанот собира средства за Метрополитен музејот на уметност. Оваа година беа собрани дури 31 милион долари, што е најголемата сума во 77-годишната историја на овој настан.

Слични содржини