Рускиот претседател Владимир Путин ќе оствари билатерална средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 9 мај во Москва. Информацијата ја потврди помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.
„Планиран е разговор меѓу Владимир Путин и претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ“, изјави Ушаков, додавајќи дека покрај билатералните прашања, двајцата лидери ќе разговараат и за ситуацијата во Западен Балкан.
Средбата ќе се одржи во рамки на одбележувањето на Денот на победата, на кој Москва очекува присуство на 29 странски лидери.