Костадиновски: Судската одлука добива тежина преку аргументи, не формализам

од Марта Пешевска
48 прегледи

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, учествува на 10. Конгрес на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата (ACCF) во Букурешт, Романија. Во своето обраќање на првата работна сесија, посветена на темата „Конституционална рамка на толкување на Уставот“, тој го истакна значењето на „живиот конституционализам“ како модерен пристап кон уставно толкување. Според него, ваквиот пристап овозможува адаптација на уставните вредности кон општествените промени без формална измена на текстот на Уставот и ја зајакнува улогата и авторитетот на Уставниот суд.

На Конгресот ќе се дискутира и за етички принципи, финансиски извештаи и идните активности на ACCF, а дел од македонската делегација е и советничката Татјана Јањиќ-Тодорова.

Слични содржини