Обвинителот Љупчо Коцевски денеска најави дека наскоро ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за предметот за директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.
– Сè уште се преземаат дејствија и за тој предмет и ќе има одлука. Јавниот обвинител презема дејствија и набргу ќе има јавнообвинителска одлука – рече Коцевски.
Тоа значи дека наскоро ќе се знае дали ќе се отвори истрага за неговиот сертификат по англиски јазик.
Минатиот месец Коцевски објави дека конечно добиле одговор од бугарските власти преку меѓународна правна помош за наводите дека сертификатот за англиски јазик на директорот Христовски е фалсификат.